KRAŠ ГРУПА

Благодарејќи на квалитетот, традицијата и силните брендови, Kraš е водечки кондиторски производител во југоисточна Европа веќе долги години наназад.

Својата историја ја започнува во Загреб, врз темелите на фабриката за производство на чоколади Унион основана 1911 година. Kraš е денес современо организирана компанија која успешно се прилагодува на предизвиците на пазарот. Матичното производство е сместено во Загреб и го обединува производството на сите три групи на кондиторски производи: какао производи, кекси, вафли и бомбонски производи.

Освен фабриката во Загреб, Kraš е сопственик на уште две фабрики за производство на кекси и вафли - Karolina d.o.o., Osijek која се наоѓа во Хрватска, додека Mira a.d., Prijedor е во Босна и Херцеговина. Со нивното поврзување е остварена стратешката цел за  значаен пораст на уделот со кекси и вафли на пазарот во регионот,при што се создаде можност за силен пласман на овој вид асортиман на сите извозни пазари.

Целокупното производство е организирано согласно светските кондиторски стандарди, при што се применуваат најстроги барања за постигнување на висок квалитет. Преку половина од вкупното производство на Kraš се пласира на домашниот пазар, додека остатокот успешно се извезува.

Од своите почетоци па се до денес Kraš развива традиција на производство втемелена на врвен квалитет на производите и богатство на асортиман. Благодарејќи на современите технолошки можности, во комбинација со знаење и долгогодишното искуство на стручни лица, Kraš ја изгради својата положба врз производството на висококвалитетни слатки и негување на оригиналните брендови. Крашовите брендови, не само што се на водечката позиција во своите производни категории,туку се наоѓаат и помеѓу најсилните брендови во категоријата на стока за широка потрошувачка.  

Управувањето со трајни и единствени вредности на начин на нивно прилагодување во модерното опкружување е подрачје на кое Kraš ја гради својата приказна. Крашовите најсилни брендови се менуваа со текот на времето, се прилагодуваа и добиваа ново руво, преку постојана грижа за задржување на поврзаноста со крајниот потрошувач и неговите потреби.

KRAŠ ЗАВИСНИ ДРУШТВА

Karolina d.o.o.
Vukovarska Cesta 209/, 31000 Osijek
Hrvatska
Телефон: +385 31 512-601
Факс: +385 31 512-673
www.karolina.hr

MIRA a.d. članica KRAŠ grupe
Ulica kralja Aleksandra 3, 79 101 Prijedor
Bosna i Hercegovina
Телефон: +387 52 232-211
Факс: +387 52 232-888
www.mira.ba

Kraš-trgovina d.o.o. 
Ravnice 48, 10000 Zagreb
Hrvatska
Телефон: +385 1 2396-041
Факс: +385 1 2329-870
Email: kras.trgovina@kras.hr
www.kras.hr/hr/bonbonniere
www.kraschocobar.com

KRAŠ trgovina d.o.o. Široki Brijeg
Visoka Glavica 15
88 220 Široki Brijeg, BiH
Телефон: +387 39 852-064, 705-054
Факс: +387 39 703-334
Email: kras@tel.net.ba 
www.krastrgovina.com 

KRAŠCOMMERCE d.o.o., Ljubljana
Cesta na Brdo 85,
1000 Ljubljana, Slovenija
Телефон: +386 1 234-44-77 
Факс: +386 1 234-44-90
Email: info@kras-slovenija.si
www.kras-slovenija.si

KRAŠ COMMERCE DOO BEOGRAD
Palmira Toljatija 5,
11070 Novi Beograd, Srbija 
Телефон: +381 11 228-2732
Факс: +381 11 269-4083
Email: office@kras.rs 
www.kras.rs

Kraškomerc KRAŠ, dooel, Skopje
Dame Gruev 3, 1000 Skopje
Republika Makedonija
Телефон: +389 23 120-282, 120-286
Факс: +389 23 120-286
Email: kraskomerc@kras.mk 
www.kras.mk

* Root element of PhotoSwipe. Must have class pswp. *}